Овде ќе ги најдете одговорите на најчесто поставуваните прашања

Полумаратонот ,,Струмица на улица” ќе се одржи на 11.06.2023 година (сабота).
Стартот на трката од 5км, 10км и полумаратон е во 19:00 часот.
Препорачливо е сите учесници да бидат во непосредна близина на стартната линија најмалку пола час пред почетокот на трката. 

Пријавување за првиот ноќен полумаратон Струмица на улица може да се направи единствено по електронски пат, со регистрација на линкот https://runnerspot.com/event/Strumica

Котизациите за учество на трка изнесува:
500мкд - Basic пакет
700мкд - Premium пакет

Котизациите за учество на трка 10К изнесува:
600мкд - Basic пакет
800мкд - Premium пакет

Котизациите за учество на трка полумаратон изнесува:
700мкд - Basic пакет
900мкд - Premium пакет

BASIC пакетот вклучува:
Стартен број со чип
Pic2Go песонални фотографии
Медал на крај на трката
Онлајн диплома
Освежување и овошје за време на трката
Подароци од партнерите на настанот

PREMIUM пакетот вклучува:
Стартен број со чип
Pic2Go песонални фотографии
Медал на крај на трката
Онлајн диплома
Освежување и овошје за време на трката
Подароци од партнерите на настанот
Брендиран подарок со логото на настанот

Патеката по која се одвиваат трките е кружна со должина од 5 километри.
Истата ги опфаќа булеварот Ленинова (кружниот тек со улица Цветан Димов до ТЦ Глобал), булевар Маршал Тито (од ТЦ Глобал до кружниот тек со ул.Балканска), преку улица Балканска и улица Маршал Тито до СОУ Никола Карев и назад до кружниот тек со ул. Гоце Делчев по кој се продолжува до кружниот тек на ул.Младинска. Од кружниот тек на улицата Младинска патеката продолжува назад преку улицата Гоце Делчев, булеварот Маршал Тито се до булеварот Ленинова кај ТЦ Глобал.

Официјалната патека можете да ја видете и на следните линкови:
https://goo.gl/UMcck7
https://www.strava.com/routes/13724269 

Крајниот рок за пријавување на сите трки е до 05-ти јуни 2023 до 23:59:59 што значи дека до тој рок треба да се изврши и плаќањето на котизацијата и потврдата на пријавата. Секоја пријава која нема да биде потврдена со плаќање на котизација и следење на инструкциите добиени во е-маил адресата се поништува.

За полумаратонската трка може да се регистрира секој граѓанин кој на денот на одржување на трките ќе има наполнето 16 години.

 Доколку на денот на трката немате наполнето 16 години, а на своја одговорност сакате да учествувате, мора да донесете согласност од родител/старател заверена на нотар.

За трките од 5 км и 10 км нема ограничување во однос на старосната граница. 

Да. Струмица на улица е отворен за сите кои сакаат да учествуваат, без разлика на претходно искуство со ваков тип на трки. Наша препорака е доколку сте почетник, да учествувате на пократките трки, но доколку сакате да учествувате на полумаратон, да почнете да се подготвувате со тренинзи неколку месеци порано. Секој може да се пријави и учествува!

Подигањето на стартните пакети за Полумаратон Струмица на улица 2023 ќе биде на самиот ден на трката 11.06.2023 во Амфитеатар во струмичкиот парк од 14 до 18 часот. локација: https://goo.gl/maps/Th84tcJ9xveRYHZq7

За подигање на стартните пакети потребно е да се покаже потврдата која Ви е испратена на е-маил или документ за лична идентификација. Без овие документи организаторот нема да може да Ви го даде стартниот пакет.

Да. Може друг да го подигне вашиот стартен број. Сѐ што треба е да се покаже меилот за потврда за регистрација кој сте го добиле при регистрација и документ за идентификација при подигнувањето на вашиот стратен број.

Да. Сите учесници можат да ги користат соблекувалните на СРЦ Партизан, која се наоѓа на не повеќе од 100 метри од главната бина, за припремање пред и по завршување на услугите. Во склоп на соблекувалните, СРЦ Партизан располага и со туш кабини со топла вода, кои исто така ќе им бидат достапни на учесниците за користење.

Сите учесници на трката, можат да ги остават своите лични ствари кај нашите волонтери во посебен шатор за чување на лични ствари, каде истите ќе бидат складирани и чувани од страна на волонтерите. За да можете да оставите или подигнете предмети од овие простории, задолжително е да го приложите Вашиот стартен број на нашите волонтери.

Стартот на трките од 5 км и 10 км ќе биде на булевар ,,Ленинова” во близина на ТЦ Глобал, со што натпреварувачите во овие дисциплини ќе започнат да трчаат во насока кон булевар ,,Маршал Тито”.

Стартот на трката на полумаратон ќе биде на булевар ,,Ленинова” во близина на ТЦ Глобал, со што натпреварувачите во оваа дисциплина ќе започнат да трчат во спротивен правец од учесниците на 5 км и 10 км.

Најдобро е да бидете еден час порано во зоната околу стартот за да навремено ги завршите сите обврски, како пресоблекување, тоалет, оставање на вишокот гардероба на безбедно и позиционирање во стартната зона. Во својата стартна зона најдобро е да бидете 20-30 минути пред стартот.

Стартниот број задолжително треба да биде закачен на предниот дел од вашата маица за да во текот на трката бидете препознати и за да може контролите за мерење на време да го регистрираат вашиот чип. На сите трки од овој настан ќе се користи чип за мерење на времето прикачен на задната страна на стартниот број кој ќе го регистрира вашето време. Чипот не е лепенка, Ве молиме не го виткајте во обид да го одлепите бидејќи на тој начин е можно да го оштетите. Вашиот стартен број содржи важни информации затоа е важно да се почитуваат правилата. Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесници кои во одреден момент ќе трчаат без да биде јасно воочлив нивниот стартен број.

Да. На патеката предвидени се станици со вода, суво овошје и лимони за освежување на учесниците во текот на трчењето.

Да. Според правила на ИААФ, носење на слушалки не е дозволено, но за рекреативните тркачи кои не се натпреваруваат за топ 10 позиции, организаторот има флексибилни правила и дозволу трчање со слушалки. Наша препорака е за ваша лична безбедност, да го намалите тонот и да трчате со само една слушалка, за да може непречено да слушате инструкции од судиите, редарите, останатите напреварувачи или непредвиден сообраќај на улиците.

Не. Присуство на велосипед или било кое друго возило на тркала на патеката е СТРОГО ЗАБРАНЕТО и секој велосипедист ќе биде отстранет од патеката, а учесникот кого го следат ќе биде дисквалификуван. Правилата важат за сите учесници, без исклучок. На патеката ќе можат да се движат велосипеди кои имаат дозвола за движење и се за потребите на организаторот.

Да. Временскиот лимит за полумаратонот, трката од 10 км и 5 км е 3 часа од почетокот на трката. По зададениот рок сите натпреварувачи ќе бидат одстранети од патеката, а улиците ќе бидат отворени за сообраќај, по што не ја гарантираме вашата безбедност.

Не. Жалиме поради повредата, но немаме можност за повраток на финансиите за котизација без оглед на причините кои ве спречуваат да не учествувате на овој настан годинава. Доколку сакате да извршите промени во вашата регистрација после добивањето на стартен број, испратете е-маил или контактирајте некој од организаторите на настанот.

Да. Целата патека ќе биде видно обележана и ќе има редари и волонтери на критичните точки како не би имале можност да се отстраните од обележаната патека.

Да. Медицинска екипа со медицинско возило ќе по должина на патеката. Доколку ви е потребна лекарска помош на одреден дел од патеката побарајте помош од волонтерите.

Не. Секој учесник трча на сопствената одговорност за своја психофизичка подготвеност, за што организаторот не сноси одговорност. Доколку сметате дека ви е потребен лекарски преглед пред трката, ве охрабруваме да го сторите тоа на време.